Празници

Коледе и Бадник со вкоренети традиции во Прилеп

06.01.2025 17:05

Се е подготвено за посната бадникова вечера, за семејното собирање на трпезата. На неа од се по нешто, за бериќет. Во Прилеп длабоко се вкоренети традициите за Коледе и Бадник...

Прво коледарчињата тропнаа на врата. Како предвесници на Христовото раѓање. Добија подароци и многу благослови. Прилепчанки со почит кон сите традиционални вредности, ја подготвија бадниковата посна трпеза. Од сè по нешто. За бериќет.

Трпезата по бадниковата вечера не се раскрева. И има вековна причина, нераскинливо поврзана со верувањата за Божик.

Со нетрпение се очекува Христовото раѓање.

 

Елизабета Митреска