Бугарија

Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада

06.01.2025 12:08

ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите за формирање влада, соопшти синоќа прес-центарот на ГЕРБ.

ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите за формирање влада, соопшти синоќа прес-центарот на ГЕРБ.

„По одбивањето на „Демократска Бугарија“ да ја поддржи првата номинација на ГЕРБ-СДС во лицето на Бојко Борисов за премиер, ГЕРБ-СДС го номинираше Росен Желјазков.

Денеска „Демократска Бугарија“ ја отфрли и втората номинација Како резултат на тоа, ГЕРБ-СДС ги прекинува преговорите“, соопштија од партијата, пренесуваат бугарките медиуми.

Оттаму додаваат дека се благодарни за учеството во преговорите на екипите на „БСП-Обединета левица“ и ИТН и за конструктивниот тон од нивна страна.