82-ро доделување на наградите „Златен глобус“
82. доделување на наградите „Златен глобус“, каде се наградуваат телевизиските и филмските достигнувања...

Филмот „Бруталист“ беше прогласен за најдобра филмска драма во 2024 година, „Емилија Перез“ за најдобар филмски мјузикл, а меѓу најдобрите актери се Фернанда Торес, Деми Мур, Адриен Броди и други, на 82. доделување на наградите „Златен глобус“, каде се наградуваат телевизиските и филмските достигнувања.
Адриен Броди доби Златен глобус за улогата во „Бруталист“, а Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за нејзината главна улога во „Супстанција“ (The Substance), приказна за актерката која „избледува“ и ја бара фонтаната на младоста.
Добитниците на Златните глобуси ги избираат 334 новинари од 85 земји, во споредба со приближно 9.000 гласачи кои ги избираат победниците на наградите Оскар. Гласачкото тело на Златните глобуси беше проширено во последниве години, а организаторите иницираа реформи откако беа критикувани за етички пропусти и недостаток на различност.
Фото:/ Youtube