ПРАЗНИЦИ

Скапо или евтино празничните трпези мора да ги има

06.01.2025 12:43

Дали е поскапо за Бадник или за Божик. Граѓаните поделени во мислењата. Слично е и во однос на цените на зелените пазари. Купувачите се жалат, трговците пак, сметаат дека цените се прилагодени за празниците.

Во исчекување на Божик, раздвижено по пазарите и маркетите. Некој испазарил, друг допрва излегол да набави се што му е потребно за бадниковата и божиќната трпеза. Посно или мрсно мора да има. На тезгите – изобилство од продукти. Се негодува ама се купува. Продавачите велат имале слух за куповната моќ па цените ги намалиле или останале исти.

Риба, зелка, гравче, сармички посни, тиква и се што е посно за бадниковата трпеза веќе не може да се каже дека е поевтино од месото и месните специјалитети кои ќе преовладаат на божикната трпеза.

И да за нашиот човек, најважно е на овие празници да се биде со семејството, да се споделат желбите за добро здравје и мир, тоа најмногу, велат, ќе им ја збогати трпезата.

 

Фиљана Кока