Македонија
Oпожареното возило на новинарката Вренцовска од Охрид, ЗНМ бара итна и темелна истрага
06.01.2025 13:42
Здружението се сомнева дека станува збор за намерно опожарување. Возилото било запалено синоќа, во гаражата во семејната куќа на новинарката...

ЗНМ бара итна и темелна истрага за инцидентот во Охрид, каде било запалено возило на новинарката Сузана Вренцовска. Здружението се сомнева дека станува збор за намерно опожарување. Возилото било запалено синоќа, во гаражата во семејната куќа на новинарката.
„Ова не е изолиран инцидент и укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите“, велат од ЗНМ, од каде укажуваат и дека доколку нема правна разрешница, ваквите случаи создаваат чувство на несигурност меѓу новинарите и ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес.
