САД

Конгресот ја потврди изборната победа на Трамп

06.01.2025 20:19

Американскиот Конгрес и официјално ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Американскиот Конгрес и официјално ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Камала Харис, конкурентката на Трамп на изборите, имаше должност да ја исполни таа обврска.

Американскиот потпретседател Камала Харис ги објави резултатите од гласањето, наведувајќи дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп добил 312 гласа, додека таа самата добила 226 гласа.