Србија
Пукање во Јагодина, има повредени
06.01.2025 20:54
Како што пренесуваат медиумите во тек е голема полициска акција во потрага по сторителот...

Двајца мажи се тешко повредени во престрелката што вечерва се случила во Јагодина во таверната „Круг“ во населбата „Стрелиште“, јавуваат медиумите од Србија.
Како што пренесуваат медиумите во тек е голема полициска акција во потрага по сторителот.
Двајцата ранети се згрижени во болница во Јагодина и лекарите се борат за нивниот живот.
