Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина
Во полициска акција е убиен напаѓачот Саша Милосављевиќ кој го уби сопственикот на кафеаната во Јагодина, 56-годишниот Д.М. и рани уште едно лице, а пукаше и во полицијата, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ...

Во полициска акција е убиен напаѓачот Саша Милосављевиќ кој го уби сопственикот на кафеаната во Јагодина, 56-годишниот Д.М. и рани уште едно лице, а пукаше и во полицијата, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ.
„Припадниците на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа Саша Милосављевиќ (1977) во Јагодина, кој уби едно лице, а друго тешко рани“, рече Дачиќ.
При обидот за апсење на убиецот пукал во САЈ, по што е ликвидиран, изјави Дачиќ.
Пукањето се случило вчера околу 18.00 часот во кафеана, при што едно лице е убиено, а друго е рането. Напаѓачот бил во бегство, но подоцна бил пронајден и совладан од полицијата.
