Кина

Разорен земјотрес на Тибет, најмалку 95 загинати

07.01.2025 10:10

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе, извести новинската агенција Ксинхуа...

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала вчера го погоди северното подножје на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, оштетувајќи ги зградите околу Шигатсе, извести новинската агенција Ксинхуа.

Земјотресот во 9.05 часот по локално време (1:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина.

Потресите биле почувствувани и во соседните Непал и Индија.

Кинеските власти соопштија дека во земјотресот што денеска го погоди Тибет загинале најмалку 95 луѓе, а засега 130 се повредени. Многумина сè уште се заглавени под урнатините.

Повеќе од 1.000 куќи се уништени, а екипите трагаат по преживеани под урнатините и им делат ќебиња и други материјали на погодените, објавија кинеските државни медиуми.