Македонија
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
07.01.2025 10:43
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови...

Најниска температура од-3 степени утрово во земјава е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Тетово, Штип и Струмица со-2,-1 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Демир Капија и во Кавадарци, 0 степени во Куманово и Велес, 1 Лазарополе и Виница, 2 во Охрид, Дебар, Прилеп и Гевгелија, 3 во Претор, Попова Шапка и 4 степени во Маврови Анови и Крушево.
Висината на снежната покривка измерена во 7 часот на Попова Шапка изнесува 43 см, а 38 см во Маврови Анови.
