САД

Трамп по оставката на Трудо: Канада треба да се спои со САД

07.01.2025 11:00

Според Трамп, Вашингтон повеќе не може да ги издржи големите трговски дефицити и субвенции што и се потребни на Канада за да опстане, велејќи дека Трудо го знаел тоа и затоа поднел оставка...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, по оставката на канадскиот премиер, Џастин Трудо, оцени дека би било добро Канада да се спои со САД да стане 51-та американска држава.

Според Трамп, Вашингтон повеќе не може да ги издржи големите трговски дефицити и субвенции што и се потребни на Канада за да опстане, велејќи дека Трудо го знаел тоа и затоа поднел оставка.

Вчера, Конгресот ја потврди изборната победа на Доналд Трамп за претседател и Џеј Ди Венс за потпретседател на САД. На кратка формална церемонија беа објавени изборните резултати од сите 50 држави и округот Колумбија. Со седницата претседаваше Камала Харис, која во улога на потпретседател на САД ја извршуваше функцијата претседател на Сенатот.