Дојран нуди богат културен живот

29.07.2014 15:48

Најпозитивната фестивалска сцена со артисти од светската и домашната музичка сцена изминатиов викенд во Дојран го одбележа четвртото издание на Д ФЕСТИВАЛ.

Греми-номинираните „СТЕРЕО ЕМ-СИ“ , пост-панк бунтовниците „БЕРНАЈС ПРОПАГАНДА“,  рок  хероите АРЕА и секогаш иновативните „СТРИНГ ФОРСИС“  беа гаранција за незаборавно фестивалско доживување на четвртото издание на Д Фестивал, настан без кој повеќе не може да се замисли музичкото лето во Македонија!

„Ни се допаѓа кога доаѓаме во Македонија, втор пат сме овде, на нашето прво гостување настапивме со бенд“, изјави ја од групата „СТЕРЕО ЕМ-СИ“.

Д ФЕСТИВАЛ оваа година го претстави и проектот Western Balkan Adventure and Discovery Tour, интернационална тура низ Балканот во чиј центар се наоѓа и најдобриот европски музички фестивал Егзит.  Оваа музичка авантура својата завршница ја имаше токму на Дојранското Езеро во Македонија.

„Многу е убаво што се организираат вакви фестивали и ние со задоволство ја прифаќаме секоја покана за ваков фестивал“, вели Ружица Милошеска Брчиоска од групата „Ареа“.

Со повеќе комплетно уредени плажи, угостителски објекти кои нудат поволни цени за сечиј џеб слободни сместувачки капацитети речиси и да нема во Дојран.  Од општината велат дека со враќањето на туристите, чувствуваат обврска за збогатување на културните и забавни содржни кои ќе го направат летниот одмор незаборавен за сите оние коишто решиле да одмараат покрај Дојранското Езеро.

„Секој викенд во Дојран имаме настани, познати македонски имиња, како Кристина Арнаудов, етнофестивал, ќе имаме драма, дол со народна музика, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, за сечиј вкус ќе има настани во текот на август“, вели Борче Стамов, градоначалник на Дојран.

Од општината ги повикуваат сите продукциски куќи, културни работници, музичари со свои идеи и учество да се приклучат кон збогатување на културното лето во Дојран.

Александра Јовановска