Аерозагадување

Скопје и денес на петтото место по загаденост во светот

07.01.2025 11:51

Лекарите предупредуваат дека аерозагадувањето може да има значителни последици за респираторниот и кардиоваскуларниот систем, особено за оние кои веќе имаат хронични болести...

Главниот град и денеска меѓу најзагадените градови во светот. Изутрината Скопје се најде на петтото место со индекс од 181, бројка која покажува високо ниво на опасност по здравјето на луѓето.

Лекарите предупредуваат дека аерозагадувањето може да има значителни последици за респираторниот и кардиоваскуларниот систем, особено за оние кои веќе имаат хронични болести.

Од Светската здравствена организација предупредија дека во земјава годишно има над три илјади смртни случаи поврзани со загадениот воздух.

Експертите предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за намалување на аерозагадувањето, последиците може да бидат катастрофални. Се апелира граѓани да останат во своите домови, а доколку излегуваат да носат заштитни маски, да избегнуваат активности на отворено.

Потребни се долгорочни политики и инвестиции во чистата енергија, јавниот транспорт и обновливите извори на енергија за да се овозможи вистински и одржлив напредок во борбата против загадувањето.