Политика

Сиљановска-Давкова: Законот е вратен оти има спорни членови

07.01.2025 13:54

Немам намера да ставам вето за ниту еден јазик, но мора да се почитуваат законите и Уставот, вака претседателката ја образложи својата одлука да не го потпише Законот за заштита на децата. Вели дека спорни биле членовите 9 и 10 и поради тоа го вратила законот на доработка…

Немам намера да ставам вето за да навредам некој јазик, туку мора да се почитуваат законите и Уставот, вака претседателката ја образложи својата одлука да не ги потпише Предлог-измените на Законот за заштита на децата. Вели дека членовите 9 и 10 и воведување двојазични лиценци во градинките со дискреционо право на министерот биле противуставни, поради тоа го вратила на доработка.

Од Владата како предлагач на законот велат дека измените ќе се доработат и достават во Собранието во законските рокови.

Законот за заштита на децата лани бил изгласан со Бадинтерово мнозинство во Собранието.

Доколку измените на Законот за заштита на децата повторно бидат изгласани, претседателката е должна да го потпише указот.

По непотпишувањето СДСМ го поздрави и побара Владата да се откаже од измените на законот. Од опозициската ДУИ реагираа дека албанскиот јазик не може постојано да биде на мета на агресија, без последици по државата во целина.

 

Ирина Гелевска