Просечната нето-плата во мај 21.483 денари

29.07.2014 15:49

Зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна нето-плата во стручните, научните и техничките дејности за 10,9%, во градежништвото за 8,2%...

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена во мај годинава изнесува 21 483 денари. Во однос на истиот период лани е повисока за 0,9%. Просечната бруто-плата во мај била 31 429 денари ,и е за 0,6 % повисока во однос на ланската.
 
Зголемувањето се должи на порастот на просечната месечна нето-плата  во стручните, научните и техничките дејности за 10,9%, во градежништвото за 8,2%, и  6,4% во административно помошни услужни  дејности. Исто така влијание има и повисоката бруто плата во истите сектори. 
 
Нето-платите во однос на претходниот месец се зголемиле  во секторите  рударството и вадење камен за 25,3%, Информации и комуникации за 5,1% и во стручни, научни и технички дејности за 4,5%. Во споредба со  април, во  мај има зголемување на бруто платите во секторите: Рударство и вадење на камен (26,2%), Јавна управа иодбрана; задолжително социјално осигурување (4,2%) и Информации икомуникации (3,5%).Во мај годинава, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
 
Соња Стојановска