Свет

Почина Жан Мари Ле Пен, основач на модерната француска крајна десница

07.01.2025 19:34

Ле Пен го потресе францускиот политички естаблишмент кога неочекувано стигна до вториот круг од претседателските избори против Жак Ширак во 2002 година, со неговата воинствена мешавина на популизам и харизма.

Жан Мари Ле Пен, основачот на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, почина на 96-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.

Ле Пен го потресе францускиот политички естаблишмент кога неочекувано стигна до вториот круг од претседателските избори против Жак Ширак во 2002 година, со неговата воинствена мешавина на популизам и харизма.

Подоцна се повлече, а неговата ќерка Марин Ле Пен го наследи на чело на партијата во 2011 година. Оттогаш, таа трипати се кандидираше за претседател и ја претвори партијата, сега наречена Национален собир, во една од главните политички сили во земјата.