СИРИЈА

На аеродромот во Дамаск слета првиот меѓународен комерцијален авион по падот на Асад

07.01.2025 20:13

Комерцијален пробен лет најави и Јордан. Шефот на Регулаторната комисија за цивилно воздухопловство вели дека целта е да се оцени техничката состојба на аеродромот во Дамаск пред да се обноват редовните летови...

Првиот меѓународен комерцијален авион по падот на поранешниот сириски претседател, Башар Асад, слета на аеродромот во Дамаск од Катар.

Комерцијален пробен лет најави и Јордан. Шефот на Регулаторната комисија за цивилно воздухопловство вели дека целта е да се оцени техничката состојба на аеродромот во Дамаск пред да се обноват редовните летови.

По бунтовничката офанзива арапските и западните земји кои ги прекинаа односите со поранешната влада ги обновуваат дипломатските односи со новото раководство предводено од бунтовниците.