Празник

Божиќ, ден на Христовото раѓање

07.01.2025 15:44

Православните верници денеска го празнуваат Рождество Христово. Во сите храмови изутрината исполнети со верници кои со молитви за мир и благосостојба ја проследија Света божествена литургија…

Христос се роди, навистина се роди! Православните христијани го празнуваат еден од најголемите христијански празници, Божиќ. Верниците изутринава ги наполнија храмовите, се помолија за здравје среќа и бериќет, запалија свеќа. 

Христовото раѓање, најсветлиот и најрадосен празник. Во сите храмови на македонската православна црква се одржаа божикни литургии

Го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но, од секого од нас зависи дали тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста којашто Христовото Рождество ја носи со себе, порача поглаварот на Македонската православна црква и Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

Соборниот храм во Скопје исполнет со верници, посакаа здравје, среќа, бериќет

Христовото раѓање, најсветлиот и најрадосниот празник. Во сите храмови на Македонската православна црква се одржаа божиќни литургии.

Божик е празник кој се поминува со семејството и со најблиските, а денеска завршуваат и 40-дневните пости. Многумина верници примија од светата причест.

 

Ана Јосифоска