Бошко Ступиќ го засилува нападот на ФК Пелистер
Искусниот офанзивец Бошко Ступиќ е новиот фудбалер на Пелистер кој по екипирањето на стручниот штаб продолжува и со консолидирање на играчкиот кадар.
Екс фудбалерот на Вардар,Силекс, Работнички, Олимпик Сараево, Истра 1961 и на Леотар, потпиша едногодишен договор со битолскиот прволигаш кој со големи амбиции влегува воновиот македонски шампионат, што старува викендов.

Ступиќ, кој треба да биде големо засилување во нападот, е третиот новак во екипата откако претходно нови играчи на битолчани станаа дефанзивецот Александар Крстески и фудбалерот од средниот ред Гоце Тодоровски.
Пелистер во првото коло од новата сезона во Првата македонска лига во престижното дерби се судира со Вардар на 3. Август од 17.30 часот.