Прилеп
Традиционален божиќен ручек за 400 деца од повеќе краишта на земјава
07.01.2025 16:10
Околу 400 деца од повеќе краишта на земјава седнаа на заедничка божикна трпеза на традиционалниот божиќен ручек. Децата кои се основа за радоста на празникот ги испратија своите пораки и желби...

Со голема радост децата на божиќниот ручек ги испратија своите пораки и желби, нагласувајќи ги заедништвото и сплотеноста.
На традиционалниот божиќен ручек се промовираат предностите за еднаквост, љубов и мир. Ручекот го благослови владиката Петар.
Божиќниот ручек веќе 19 години се одржува под мотото „Едно небо за сите деца“.
Елизабета Митреска
