Аерозагадување
Скопје меѓу најзагадените градови во светот
07.01.2025 16:41
Родители со деца, но и повозрасни граѓани спас од густата магла која надвисна над Скопје побараа на Водно. Изминатите години главниот град е меѓу најзагадените меѓу Европа и светот...

Родители со деца, но и повозрасни граѓани спас од густата магла која надвисна над Скопје побараа на Водно. Ако планината претходно беше рекреација, денес таа е бесценет свеж воздух за илјадниците граѓани кои бегаат од огромното загадување. Оттука, со тешки воздишки го набљудуваат црниот облак надвиснат над нивните домови.
Изминатите години главниот град е меѓу најзагадените меѓу Европа и светот.
Мора да се смени системот за затоплување на домовите. Премиерот Мицкоски најавува изградба на гасни централи на цела територија на Македонија.
Александра Спировска
