Кина

Продолжува потрагата по преживеани по земјотресот на Тибет

08.01.2025 08:41

Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем од потврдените 126. На терен се сите расположливи сили за помош...

Ден по смртоносниот земјотрес на Тибет спасувачите екипи продолжуваат со напорите во потрагата по луѓето заробени под урнатините. Се стравува дека бројот на жртви може да биде поголем од потврдените 126. На терен се сите расположливи сили за помош. Погодените жители во импровизираните кампови ја добиваат сета поддршка и медицинска нега.

„Поставивме две населби со речиси 30 шатори. Обезбедени се храна и други помошни материјали за да се задоволат потребите на луѓето“, изјави Џу Чао, локален службеник.

Повеќе од 500 последователни потреси се регистрирани по разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтер кој синоќа го погоди регионот. Илјадници куќи се урнати, а според прелиминарните извештаи околу 30.000 жители се преместени на безбедни локации.