Вонредна состојба по шумскиот пожар во Калифорнија
Синоптичарите предупредија дека најлошото можеби допрва доаѓа со ветровите Санта Ана кои се предвидува да траат со денови...

Црвен аларм во Калифорнија поради шумскиот пожар кој зафатен од екстремно силните ветрови, неконтролирано се прошири на ридот на Лос Анџелес уништувајќи домови во славната област и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат.
„Загрозени се приближно 26 илјади домаќинства и приближно 10 илјади објекти. Во овој момент немаме пријавени повредени, но има извештаи за повеќе структури кои се оштетени“, изјави Кристин Кроули, пожарникар на Лос Анџелес.
Синоптичарите предупредија дека најлошото можеби допрва доаѓа со ветровите Санта Ана кои се предвидува да траат со денови, предизвикувајќи изолирани налети кои би можеле да надминат 160 km/h во планините и подножјето.
