Хамас чека одговор од Израел за примирјето
Нудат ослободување на 34 заложници во замена за палестински затвореници. Повторија дека ќе се држат до договореното само доколку израелската армија се повлече од енклавата...

Хамас го чека одговорот на Израел за условите на примирјето во Газа. Нудат ослободување на 34 заложници во замена за палестински затвореници. Повторија дека ќе се држат до договореното само доколку израелската армија се повлече од енклавата. Катар потврди дека има многу прашања за кои се разговара, но нема да шпекулира со временската рамка за договор.
„Техничките состаноци сè уште се одржуваат меѓу двете страни. На овие средби, има многу прашања за кои се разговара и не е корисно да се шпекулира за какви било временски рамки за можни договори во моментов. Остануваме посветени и кога ќе имаме договор ќе објавиме“, изјави Маџид ал-Ансари, портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.
Новоизбраниот американски претседател Трамп ја повтори својата закана дека ќе избие пекол на Блискиот Исток доколку заложниците не бидат вратени до неговата инаугурација на 20 јануари. Хамас, пак, му порача да внимава на своите изјави кои треба да бидат подипломатски.
