Украина

Украински дронови нападнаа руски градови

08.01.2025 11:01

Москва со видео ги поткрепува тврдењата дека ја презеле контролата врз градот, додека Киев останува на ставот дека и натаму ги одбиваат руските напади...

Украински дронови ги нападнаа руските градови Саратов и Енгелс. Оштетен е индустриски објект, но нема повредени-потврди гувернерот во областа.

Продолжуваат и борбите околу Курахово. Москва со видео ги поткрепува тврдењата дека ја презеле контролата врз градот, додека Киев останува на ставот дека и натаму ги одбиваат руските напади.

Во истовреме, специјалниот пратеник на Трамп за Украина Кит Келог ја одложи посетата на Киев-потврди украинскиот шеф на дипломатијата Сибиха не образложувајќи повеќе детали.