Повторно издаден налог за апсeње на претседателот на Јужна Кореја
Јун, кој одбива да се појави на распит, е обвинет во повеќе истраги, вклучително и обвиненија за водење бунт-кривично дело казниво со доживотен затвор, па дури и смртна казна...

Судот во Сеул повторно издаде налог за апсење на претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, кој е обвинет за бунт и за кого беше изгласано отповикување.
Неговите приврзаници се повторно пред претседателската палата, додека пред објектот е поставена бодликава жица за да ги спречи властите во намерата. Јун, кој одбива да се појави на распит, е обвинет во повеќе истраги, вклучително и обвиненија за водење бунт-кривично дело казниво со доживотен затвор, па дури и смртна казна.
Директорот на Канцеларијата за истраги за корупција се извини за неуспешниот обид за апсење на претседателот на 3 јануари.
