Денеска се одбележува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божиќ. Денеска – втор ден, во храмовите верниците и оддаваат слава и почит на Пресветата Божја мајка Богородица.

На вториот ден од Божиќ и се оддава слава на Пресветата Божја мајка којашто го роди спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува нејзин Собор затоа што на тој ден се собираат сите верници за да ја прослават Богородица.
Во црквата Рождество на Пресвета Богородица во Скопје поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан одржа Божествена литургија.
И додека Бадник и Божиќ ги поминуваме дома, соборот на Пресвета Богородица е ден кога ги посетуваме членовите на поширокото семејство и пријателите. Кај народот постои верување дека на 8-ми јануари се помируваат оние кои претходно биле лути едни на други и дека не смееме никого да вратиме од куќниот праг.
Православните христијани Божиќ го празнуваат три дена.
Ирина Гелевска
