Скопје утрово најзагаден град во Европа, седми во светот
Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот. Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух...

Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.
Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух. Од градовите во Европа, по Скопје, според загаденоста на воздухот се Сараево на 35 место, Букурешт на 36 место и Приштина на 37 место.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред сè изградба на гасни централи.
