ЈСП се соочува со одлив на кадар
Проблемите со јавниот превоз не запираат. Откако нафта се обезбеди за одреден временски период, од Јавното претпријатие си заминуваат вработени...

Состојбата во Јавното сообраќајно претпријатие е алармантна. Имено во последните 15 месеци, ЈСП го напуштиле повеќе од 500 вработени, а претпријатието кубури со кадар.
Заминуваат возачи но и стручни работници од областа на сообраќајот, одржувањето и економијата, недостасува стручност и квалитет, вели првиот човек на синдикатот Стојановски. Со малку вработени, даваат се од себе бидејќи јавниот превоз мора да тече непрекинато.
Проблемот со јавниот превоз, како што кажаа од Синдикатот е надминат, а автобусите редовно сообраќаат по возниот ред, освен оние кои се наменети за учениците и за студентите. Сепак, граѓаните се жалат дека автобусите не доаѓаат на време.
Директорот на ЈСП Драги Кушевски на функцијата ќе остане до јуни 2025 година, кој остана недостапен на нашите повици.
Александра Спировска
