МВР

Турчинка со фалсификуван он-лајн билет сакала да лета од Скопје за Истанбул

08.01.2025 17:45

На излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција...

На 07.01.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција, затоа што при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа.

Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.