Нов ден во смог и загадување

Неопходна е промена на системот за затоплување во Скопје

08.01.2025 13:10

За намалување на аерозагадувањето неопходна е промена на системот за затоплување во Скопје, велат експертите, а изградба на гасна централа е едно од решенијата...

Скопјани и денеска се разбудија во смог. Загадениот воздух се чувствува насекаде низ градот. Главниот град според светските мерења од утрово е меѓу 10-те градови со најголемо загадување во светот, а најзагаден е во Европа.

За намалување на аерозагадувањето неопходна е промена на системот за затоплување во Скопје, велат експертите, а изградба на гасна централа е едно од решенијата.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред сè изградба на гасни централи.

Известува Марина Стојанова-Тонева