Мицкоски: Пуштен е во употреба клон од детска градинка и спортска сала во Штип
„Задоволство е денеска да се биде овде Штип. Сепак три проекта се значајни за квалитетот на живот на штипјани. На овој начин сакам да се заблагодарам на поканата на градоначалникот, а воедно да изразам и благодарност до членовите на Владата коишто се денеска тука со мене“, изјави за медиумите премиерот Христијан Мицкоски...

Жителите на штипската приградска населба Три Чешми денеска добија нова спортска сала и клон на детската градинка „Вера Циривири“, што се во состав на основното училиште „Гоце Делчев“.
На предавањето во употреба на објектите присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, пратеници од регионот и месно население.
Премиерот Христијан Мицкоски оттаму најави три проекти значајни за квалитетот на живот на штипјани.
„Задоволство е денеска да се биде овде Штип. Сепак три проекта се значајни за квалитетот на живот на штипјани. На овој начин сакам да се заблагодарам на поканата на градоначалникот, а воедно да изразам и благодарност до членовите на Владата коишто се денеска тука со мене, но и на пратениците и на сите останати коишто денеска даваат поддршка на овие проекти, бидејќи на овој начин само ќе го направиме животот на штипјани поквалитетен.
Премиерот Мицкоски потенцираше дека објектите што се завршени се само најава за инфраструктурните и други проекти во штипскиот регион чија реализација ќе почне во текот на оваа година.
„Следната недела ќе почне проектот којшто беше дел од оној прв повик на Владата, тоа е обиколницата, проект вреден околу 2 милиона евра. Понатаму, веќе од втората половина на месец јануари ќе го објавиме новиот повик за проекти коишто ќе бидат финансирани од Владата. Овде во Штип е планирано да се финансираат проекти во вредност од 6,5 милиони евра за следната година и на тој начин само ќе го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, истакна Мицкоски.
Во рамки на посетата на општина Штип, владината делегација предводена од премиерот Мицкоски присуствуваше на поставување камен-темелник за нов резервоар за вода во штипската населба Пребег. Се работи за капитален објект во вредност од 40 милиони денари обезбедени преку самопридонес на граѓаните на општината, а со кој ќе се реши водоснабдувањето на корисниците од високите зони во градот, особено во летниот период.
