Украина

Расте бројот на жртви по нападот врз Запорожје

09.01.2025 08:42

Расте бројот на жртви во разорниот руски напад врз Запорожје. Десетици цивили се повредени.

Расте бројот на жртви во разорниот руски напад врз Запорожје. Десетици цивили се повредени. Смртоносниот напад е намерен-вели Зеленски и бара час поскоро да се изврши притисок врз Москва за постигнување праведен мир. Нападот доаѓа наспроти состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во базата Рамштајн во Германија на кој учествува и украинскиот претседател. Тој очекува продолжување на воената американска помош и по 20-ти јануари со доаѓањето на Трамп. Вашингтон најави доделување нова воена помош за Киев на денешниот состанок од 500 милиони долари додека Бајден се обидува да го стави Киев во посилна преговарачка позиција пред Трамп да ја преземе функцијата.

„Клучот за Украина е да продолжи да ја зајакнува нашата противвоздушна одбрана, да и овозможи на Украина барем да ги избрка руските воени авиони подалеку од нашите градови и граници. Ова е реално доколку партнерите сега ги спроведат договорите за кои долго разговаравме со нив“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.