Израел

Блинкен тврди дека договорот за Газа е блиску

09.01.2025 08:43

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека се многу блиску до прекин на огнот меѓу Израел и Хамас...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека се многу блиску до прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ослободување на заложниците од Газа, додека војската на Тел Авив пронајде уште две тела на заложници во тунелите на милитантите.

Палестинските лекари тврдат дека во изминатите 24 часа во воздушните напади на Израел врз енклавата, загинале 27 цивили. Во истовреме, Иран го повика Израел да се повлече од Сирија додека војската на САД изврши серија напади врз складишта за напредно оружје на Хутите во Јемен.