Процес „Монструм“: Сведочеа роднините на обвинетите во протестите

29.07.2014 16:32

Едниот бил во чајџилница и сакал да го премести автомобилот па бил приведен, друг продавала на тезги, а трет пак стоел на автобуска станица. Велат, не биле дел од толпата...

Роднини и пријатели на обвинетите сведочеа на рочиштето против осумтемина обвинети за протесите за пресудата во случајот „Монструм“. Нивните искази, според адвокатите целосно соодветстуваат на тврдењата дека обвинетите кои ги застапуваат не фрлале камења, дрва,  бекатон плочки или други предметри на двата основни скопски суда.

Едниот бил во чајџилница и сакал да го премести автомобилот па бил приведен, друг продавала на тезги, а трет пак стоел на автобуска станица. Велат, не биле дел од толпата.

„Имаше категоричен исказ дека во тој период се наоѓал кај Јаја Паша џамијата. Во целсот се поклопија изјавите“, вели адвокатот Митко Солаков.

„Јас не предложив сведоци бидејќи јасно се гледа дека мојот обвинет не е пред судот и дека истиот се наоѓал на автобуската станица Бит Пазар“, рече адвокатот Асмир Алиспахиќ.

По сослушувањето на сведоците ќе следуваат завршните зборови и пресудата. Осумтемина се товарат дека учествувале во толпа на протестите од 4 јули годинава при што сториле штета од близу 30 илјади евра и повредиле десетина полициски службеници.

 

Фиљана Кока