Македонија

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Берово

09.01.2025 08:57

Најстудено во Берово, -3 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 39 сантиметри...

Утрово е најстудено во Берово, -3 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 39 сантиметри.

Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени и-1 степен во Битола, 0 Попова Шапка, Лазарополе, 1 Крива Паланка, Штип, 2 Скопје-Петровец, Струмица, Куманово, Кавадарци, Прилеп, Претор, 3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Охрид, 4 Крушево, Велес, Виница, Маврови Анови, Демир Капија, како и 8 степени во Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 27 сантиметри во Маврови Анови и 3 во Крушево.