Македонските ракометари загубија од Хрватска во контролен натпревар пред СП 2025

09.01.2025 09:53

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа дека на Мундијалот можат да се надеваат на добри резултати.

Македонската ракометна репрезентација синоќа во Вараждин загуби од Хрватска со 27:25 во пријателски натпревар пред почетокот на Светското првенство 2025.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров покажаа дека на Мундијалот можат да се надеваат на добри резултати. Тие го добија првото полувреме со 14:13, имаа свои моменти и во вториот дел, особено ова се однесува на голманот Марко Кизиќ кој одбрани три пенали во серија.

Сепак домашните судии во салата во Вараждин им помогнаа на Хрватите на крајот да се радуваат.

Македонија на СП ќе игра во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја. Првиот меч ќе го има на 15-ти јануари со унгарската репрезентација.