Бутарис: понекогаш и мене ми се испушта наместо "Скопје" да кажам Македонија
"Лекција по дипломатија одржа солунскиот градоначалник Јанис Бутарис кој призна дека понекогаш наместо "Скопје" вели Македонија" – коментира грчкиот портал Јунајтед репортерс за изјавата на солунскиот градоначалник дадена по посетата на Скопје.
Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, коментирајќи ја посетата на македонската престолнина пред Градскиот совет во Солун, Бутарис изјавил:

“Да бидам искрен, одвреме навреме и мене ми се испушта па за "Скопје" велам Македонија. Затоа што земјата така се нарекува секаде. Ако отидете во метро во Париз, таму има билборди на коишто пишува "Инвестирајте во Македонија". Ако гледате "Си Ен Ен" и таму исто така ја нарекуваат”, рекол солунскиот градоначалник.
Грчките националисти и неонацисти претходно го критикуваа Бутарис затоа што држел прес- конференција пред банер на којшто пишувало Стопанска комора на Република Македонија.
Марија Котовска, дописник на МРТ од Атина