Војдан останува во Германија, а Дамјан си оди од МЗТ Скопје
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Војдан Стојановски, и во наредната сезона ќе игра во најсилната кошаркарска лига во Германија. Но, од екипата на Алба се сели во тимот на Ајсберен од Бремерхафен.
Специјализираната интернет страница „Еуробаскет“ објавува дека нашиот интернационалец треба да биде еден од највлијателните кошаркари во составот кој минатата сезона ја заврши на 12-та позија со 22 победи и 12 порази.

Војдан со Алба во претходната сезона го освои Купот на Германија и стигна до големото финале во разигрувањето за титулата, кое го загуби од Баерн Минхен.
Братот близнак на Војдан, Дамјан Стојановски, е се поблиску до трансфер во Олимија од Љубљана а се подалеку од Мзт Скопје.
Преговорите за негово останување во редовите на македонскиот шампион се стопирани па Дамјан веќе ги разгледува понудите од клубовите кои се заинтересирани за него.
Најконкретен и најзаинтересиран е словенечкиот вицепрвак Олимпија Љубљана, кој веќе испратили официјална понуда. Нивниот предводник од тренерската клупа, Алеш Пипан пред две сезони во Мзт Скопје и во селкцијата имаше високо мислење и одлична соработка со македонскиот репрезентативец.