Празник

Во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица изложени мошти на Св. Стефан

09.01.2025 11:22

Синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување...

Во предвечерието на денешниот празник Свети Стефан, синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување.

По тој повод се одржа процесија и свечен влез на моштите а на проповедта епископот Стојанов кажа дека вербата во човечноста е основана обединувањето и свети мошти ќе бидат донесени и во другите католички цркви во Македонија.