Нови руски напади врз Запорожје, има жртви и повредени
Запорожје на Дњепар ноќеска се најде на удар на руските беспилотни летала. Врз милионскиот град беа испратени 70, од нив украинската противвоздушна одбрана не успеа да елиминира 24 што резултираше со жртви и повредени. Контакт одбранбената група за Украина составена од 50 земји и предводена од Америка, во Рамштајн, Германија одржува состанок за поефикасно опремување на украинската армија…

Светлата на украинската противвоздушна одбрана ноќеска го осветлија небото над Запорожје. Јато од 70 руски дронови носејќи смртоносен товар беа насочени кон милионскиот град на реката Дњепар. Од нив, 24 таканаречени имитатори дронови не успеаја да ги елиминираат руските беспилотни летала. Две наведувани бомби експлодирале меѓу насобраните жители на една од градските улици. Десетици жртви и над 100-на повредени, од нив многумина во критична состојба. Информациите за нападот, но и за вкупната состојба во Украина, Зеленски ќе ги претстави на состанокот на контакт групата во германската НАТО база во Рамштајн. Таму е веќе челникот на Пентагон.
„Ќе разговараме за одбранбената коалиција во 2025-та. Европа мора да стане посилна и посамостојна со сопствена одбрана. Сега е исто така важно и на Молдавија да ѝ се помогне поради енергетскиот недостиг преку кој Москва планира социјални немири. Состојбата е тешка, особено во Дњестар. За ова разговарав со претседателката Санду“, рече Володимир Зеленски претседател на Украина.
Има европски земји кои и натаму планираат снабдување со руски природен гас, и тие земји се водат од сопствените национални интереси, ја коментира портпаролот на Путин специјалната војна со затворениот вентил за руски природен гас во Украина.
„Од ова има корист само Америка која ќе ја снабдува Европа со течен природен гас по повисоки цени. Со ограничените терминали за овој гас се намалува конкуренцијата на економијата предизвикувајќи дополнителни проблеми за жителите на Европа“, изјави Дмитри Песков-портпарол на рускиот претседател Путин.
Секако, меѓник за развојот на состојбата во Украина е враќањето на Трамп на 20-ти јануари во Белата куќа. Реакција и од Хелсинки, Вашингтон е предводник на НАТО, затоа финската шефица на дипломатијата тврди-Алијансата не е закана за Русија.
„Пред сè НАТО е одбранбен сојуз. Не е закана за Русија, како што не е и Финска. Второ, НАТО не се проширува со сила. Тоа е избор на слободната волја на луѓето во демократските држави. Се надевам дека и Украина во блиска иднина ќе ѝ се придружи на Алијансата“, нагласи Елина Валтонен-министерка за надворешни работи на Финска.
Комесаријатот за човекови права на Обединетите нации ја предупреди Москва да ги почитува правилата на војната. Цивилните жртви во украинските градови лани биле зголемени за 30 насто.
Зоран Богатинов
