Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полиција
Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Д. од неготинското село Криволак...

Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Д. од неготинското село Криволак, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Околу 21:30 часот во атарот на неготинското село Пепелиште, вработени во Шумска полиција – Неготино затекнале три лица како во патничко возило мазда со неготински регистарски ознаки, товарат исечени дрва. Набргу, на местото пристигнал Р.Д. со уште три лица, кој се однесувал агресивно кон вработените во Шумска полиција и ги спречувал при извршување на службените задачи“, појаснуваат од СВР – Велес.
Дрвата и возилото биле одземени, а Р.Д. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.
