Здравство

Нема лекарска грешка во врска со 7- месечното бебе кое почина на Детската клиника, вели Таравари

09.01.2025 13:52

Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.

Нема лекарска грешка во случајот со 7- месечното бебе кое на 16-ти декември почина на Детската клиника во Скопје, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

„Извештајот пристигна, јас го прочитав уште во понеделникиот. Констатирано е дека докторите немаат никаква грешка“, рече Таравари на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Прашан каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката.

„Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Меѓутоа, констатирано е дека нема лекарска грешка“, додаде Таравари.