Македонија

Десетици случаи на семејно насилство за време на празниците

09.01.2025 16:54

Татко убил син, брат нападнал брат, физички ги малтретирал мајка си и сестра си, син и снаа ја нападнале неговата мајка... Во споредба со минатата година случаите на насилство за празниците се речиси идентични, но бројката е загрижувачка...

Вриело од семејно насилство во домовите. Додека едни празнувале, други ги малтретирале своите блиски, некаде дури со смртен исход. Десетици случаи регистрирани во службените полициски белешки.

Татко убил син, брат нападнал брат, физички ги малтретирал мајка си и сестра си, син и снаа ја нападнале неговата мајка, внук својот дедо, татко ќерка си, и жена истепала сопруг, но сепак најчесто мажите се тие што ги претепале своите сопруги или партнерки па и нивните деца. Од МВР посочуваат дека во споредба со минатата година случаите на насилство се речиси идентични, а бројката е загрижувачка.

Десетици повици и на СОС линијата за пријавување насилство.

Значајна е навремена проценката на ризикот од семејно насилство и полицијата од надлежниот суд да побара изрекување итна мерка за отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до него.

За овој вид насилство секако клучна е превенцијата велат од ресорното министерство.

Фиљана Кока