Животна средина

Екологистите од Струмица бараат казни за аерозагадувачите

09.01.2025 15:56

Казни за аерозагадувачите мора да има, а инспекторите на терен мора да имаат мерни инструменти. Вака бараат еко-активистите од „Здрава котлина“ од Струмица. Оваа општина за 20-тина дена трет пат е во црвената зона со високи концентрации на штетните ПМ 10 честички.

Вонредни контроли на фирмите кои имаат А и Б интегрирани еколошки дозволи за да се утврди што испуштаат овие капацитети, бидејќи паралелно со штетните ПМ честички, во Струмица има и високи концентрации на сулфур диоксид. Вака реагираат од „Здрава котлина“ кои бараат координиран пристап на проблемот.

Танушев смета дека мора да има казни. За аерозагадување досега во Струмица не е казнет никој, а контролите се сведуваат на резултати од акредитирани лаборатории, бидејќи инспекторите немаат мерни инструменти.

За 20-тина дена, Струмица три пати влегува во црвената зона на аерозагаденост.

Ване Трајков