Пуштен во функција новиот трансформатор во ТС - Битола 2
Со новиот трансформатор, ќе се обезбеди енергетска стабилност за југозападниот регион во земјава, но и на целиот енергетски систем. Поради двата изгорени трансформатори, изминатиов период мрежата беше изложена на сериозен ризик...

Пуштен во употреба новиот трансформатор, во трансформаторската станица Битола 2, со кој ќе се обезбеди енергетска стабилност за југозападниот регион во земјава, но и на целиот енергетски систем. Поради двата изгорени трансформатори, изминатиов период мрежата беше изложена на сериозен ризик, со што се создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем процесот за новиот трансформатор беше започнат пред две години.
На денешниот настан не можеше да не се спомне и за првиот случај со криминалите околу набавките на јаглен и електрична енергија во РЕК Битола. Обвинителството го води случајот „Адитив“, фрапантна е и бројката од над 390 милион евра кои се потрошени за набавка на електрична енергија во период од 2021-2023, вели министерката Божиновска.
Збор два кажа и за новата компанија којашто ја заменува фирмата „Марковски компани“ за ископ на јаглен и јаловина.
Од Министерството за енергетика, велат дека се фокусирани на тоа сите започнати проекти да бидат навремено завршени. Меѓу кои е проектот за изградба на интерконекторот од Битола до Албанија, кој е започнат во 2015, но заради малата реализација на истиот, договорот со претходниот изведувач е раскинат.
Се работи на нова тендерска документација, за која се очекува да биде распишан нов тендер за два месеци. Преку овој проект земјава ќе има можност за спојување на пазарите од западните делови од Европа.
Александра Максимовска
