Високото аерозагадувањето ја загадува почвата, со тоа и храната
Воздухот не познава граници, тоа што Струмица е загадена значи дека на многу други начини ќе ги вкусиме и ние штетните ПМ-честици …

Бројни истражувања на Природно-математичкиот факултет потврдија дека во градовите каде аерозагадувањето е високо загадена е и почвата, а со тоа и храната.
Белите површини што се видливи од сателит се раноградинарските производи во Струмица. Познатите чушки и френки од Струмичко Поле со душа се чекаат на пазарите низ Македонија. За да пораснат им треба вода и сонце, но не можат да ги одминат ниту ПМ-честиците од аерозагадувањето кое како по традиција, секоја година во овој период е со енормни концентрации. Малку витамини за добро здравје, малку штетни компоненти од честиците што паѓаат на почвата.
Палењето на стрништата со секаков вид на отпад за да се затоплат пластениците и оранжериите, дополнително придонесуваат за и онака големата загаденост во Струмица. Каква почва ќе имаме во иднина, ќе зависи од образованието на земјоделците. За таа цел, од Факултетот за земјоделски науки постојано ги едуцираат производителите да ги користат заштитните средства кои се на зелената листа и да употребуваат правилни количини на минералните и органски ѓубрива, вели деканот Маркоски.
Засега нема причина за загриженост, бидејќи надлежните институции строго ги регулираат земјоделските производи, доколку тие се контаминирани и соседните држави ги враќаат назад, што е сè поретко, вели Маркоски.
Според него, Македонија има квалитетно земјоделско производство поради едуцираноста на земјоделците да не користат материјали кои се штетни и со кои би се наштетиле на околината и на храната која ја произведуваат.
Викторија Милевска
