Матичните лекари се соочуваат со проблем за термин за рендген
Напредокот на грипот бара и слика од рендген, а матичните лекари се жалат дека да се стигне до термин е како да се добие на лото. Понекогаш велат, со болни пациенти чекаат долго заради блокирани упати. Министерот Таравари верува оти има доволно термини …

Виртуелно чукање на врата низ здравствените институции и барање термин за рендген. Со овој проблем матичните лекари велат дека се соочуваат секојдневно. Доктор Ѓеоргиевски вели дека е сериозен проблем ако пациент со влошена слика треба да чека поради блокирани итни упати.
Речиси нема болница низ државата каде што нема рендген, уверува министерот Таравари. Апелира и матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Детската клиника ако не се итни.
Кардиологија, Пулмологија, Ендокринологија, Урологија, Физикална терапија се одделенија кои имаат долга листа на чекање и пациентите најтешко можат да дојдат до термин. Според матичните лекари, потребно е повеќе да се вклучи секундарното здравство, односно поликлиниките да се пополнат со специјалисти. Матичните бараат и пакет услуги по кој ќе бидат платени. Бараат да имаат повеќе ингеренции.
Ана Јосифовска
