Продложуваат испитувањата на примероци од храна на Институтот за јавно здравје
Вкупно 2500 анализи на 500 примероци од храна се земени во вонредните контроли откако беа ресгистрирани заболените од листeрија. Дваесет и четири часа се работи во Лабораторијата за храна на Институтот за јавно здравје.
Ова е дел од храната која специјалистите по микробилогија во лабораторијата на Институтот за јавно здравје ја имаат обработено. Примероците се чуваат за повторна анализа.
Земените примероци се заведуваат под шифра. За секој позитивен примерок се известуа надлежната комисија.

„Првичните резултати се веќе објавени. Сега ги обработуваме мострите земени од 24 август и до карајот на недалата треба да завршиме. Ни останаа околу 200 мостри“, вели прим. д-р Елизабета Цонева, специјалист по микробиологија во лабараторијата за безбденост на храна.
По генетската типизација на примероците ќе се знае дали тие се поврзани со заразените пациенти. Во меѓувреме ќе се менува и правилникот со кој и продуктите што се подложени на термичка обработка нема да смеат да содржат воопшто листерија. Со оваа бактерија се регистрирани осум пациенти, од кои четворица починаа.
Наташа Јанчиќ