Смртоносен напад врз украинско Запорожје, канонада од руски беспилотни летала
Доколку Русија ја проголта Украина, на ред се земјите од слободниот демократски свет, порача американскиот секретар за одбрана Остин, на состанокот на контакт групата за Украина во Рајмштајн, Германија. Зеленски побара поцврста и поединствена Европа заради смената на власта во Вашингтон. Генералниот секретар на НАТО, Руте предвидува најдобра можна позиција на Украина доколку има мировни преговори. Смртоносен напад врз украинско Запорожје. Канонада од руски беспилотни летала …

Светлата на украинската противвоздушна одбрана ноќеска го осветлија небото над Запорожје. Јато од 70 руски дронови носејќи смртоносен товар беше насочено кон милионскиот град на реката Дњепар. Од нив, 24 таканаречени имитатори дронови не успеаја да ги елиминираат руските беспилотни летала. Две наведувани бомби експлодирале меѓу насобраните жители на една од градските улици. Состанок на контакт групата за Украина, учествуваат Остин и Руте, првите луѓе на Пентагон и на НАТО.
„Ако Путин ја проголта Украина. Неговиот апетит ќе порасне. Доколку на тираните им се исплатува агресијата, ќе овозможиме уште повеќе агресија, хаос и војни. Слободните американски и европски луѓе тоа нема да го дозволат“, изјави Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.
„Јасно е дека се отвора ново поглавје за Европа и светот на само 11 денови. Затоа мораме да соработуваме уште повеќе, да се потпреме еден на друг уште повеќе за заедно да постигнеме поголеми резултати“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Според Марк Руте, шефот на НАТО, Украина мора да се здобие со најдобра позиција во случај на мировни преговори.
„Кога преговорите ќе почнат, на иницијатива на Украина, мора да бидат во најдобра позиција. И кога ќе завршат, треба да се докаже дали договорот е добар или не. Ако не е добар ќе биде проверуван и од кина и од Русија, од Иран, од целиот свет“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Русија му одговори на Зеленски за критиките околу недостигот во снабдувањето на Молдавија со природен гас.
„Во Транснистрија нема природен гас од Русија иако со години ја снабдувавме Молдавија. Се е поради одлуките на украинските и молдавските власти“, изјави Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Путин.
Секако, меѓник за развојот на состојбата во Украина е враќањето на Трамп на 20 јануари во Белата куќа. Бројот на цивилните жртви во украинските градови лани биле зголемен за 30 насто.
Зоран Богатинов
